More

    Падна договор меѓу СОНК и владата за усогласување на платите

    spot_img

    Синдикатот за образование, наука и култура и Владата на денешниот состанок кој траеше повеќе три часа беше договорено зголемување на платите во образованието.

    – После повеќе од 3 часа би рекол тешки и макотрпни преговори со министерот за образование и наука, со министерот за труд и социјална политика, секако и премиерот од страната на Владата, а и ние за волја на вистината бевме појачани со нашиот претставник од Европската конфедерација на слободни синдикати извршивме сериозни анализи на нашите барања кои беа доставени до ресорните министерства од една страна и од друга страна аргументите на Владата и на министерставата во однос на нашите побарувања сепак се усогласивме со ставовите каде што во рамките на можностите на државата и во рамките на тоа што во овој момент може да се издвои за зголемување на платите во дејностите на детска заштита во основно и средно образование дојдовме до заеднички процент на зголемување на платите коешто би почнало од месец јули, најдоцна месец јули со завршувањето на Ребалансот и процесирање на средствата во трезорот – изјави Неделков.

    Претседателот на СОНК соопшти дека зголемувањето на платите на просветните работници ќе биде за 12%.
    – Се работи за процент од 12% на сегашните плати со додатоци кои следуваат врз основа на Законот за колективен договор – додава претседателот на СОНК Јаким Неделков.

    Утре претстои консултации со членството, додаде Неделков, и не го прогласи штрајкот за прекинат. До утре вечер треба да биде соопштено кога ќе продолжи наставата, а најверојатно тоа ќе биде од среда.

    – Уште еднаш им се извинувам на родителите и учениците, но наставниците ќе се заложат максимално за знаењата да бидат надополнети – додаде Неделков и најави настава со скратени програми.

    Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска очекува дека штрајкувачите ќе се вратат на работните места в среда и дека зголемувањето на платите од 12 отсто нема да предизвика инфлација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img