More

    Павле Трајанов бара собраниска расправа за криминалот кај инфраструктурните проекти

    spot_img

    Парламентот да расправа за инвестициите во инфраструктурата, зашато постојат индиции и сомнежи за криминал, најмногу при изградбата на автопатиштата Кичево – Охрид, Миладиновци – Штип, како и железничката пруга Бељаковце – Крива Паланка – побара Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, кој се повикува на анализа извршена од Државниот завод за ревизија.

    Анализата на извршената ревизија на успешноста на „Задолжување на субјектите од јавниот сектор, степен на искористеност на кредитите и заемите, платени и стварни трошоци“, подготвена од Државниот завод за ревизија, покажува дека има бројни недостатоци, меѓу кои и несоодветна техничка документација, пробивање на роковите за изградба на проектите, зголемување на вредноста на проектите, отсуство на координиран институционален наздор и управување со процесите, застој и бавна динамика на реализација на инфраструктурните проекти, неискористеност на заемите итн.

    – Анализата на 11 инфраструктурни проекти (патишта и железнички пруги) меѓу другото покажува дека се потрошени 58 милиони евра само за камати и провизии за патишта и железнички пруги, кои не се изградени. Најмногу сомнежи за криминал има при изградбата на автопатиштата Кичево – Охрид, Миладиновци – Штип, како и железничката пруга Бељаковце – Крива Паланка – велат од ДС.

    Овие инфраструктурни проекти се градат првенствено со странски кредити, а ги одобрува Собранието, поради што неопходна е парламентарна расправа. Во анализата на резултатите од оваа ревизија мора да се вклучат и Одделот за организиран криминал при МВР, Обвинителството за организиран криминал, како и Финансиската полиција, предлага Демократскиот сојуз.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img