More

    Павароти добива постхумна ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд

    spot_img

    Италијанскиот тенор Лучијано Павароти, кој почина во 2007 година, на 24 август постхумно ќе биде одликуван со ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

    Ѕвездата на Павароти ќе биде 2730-та ѕвезда на овој познат холивудски булевар, а на настанот како говорник е поканет американскиот диригент Џејмс Конлон.

    Кристина Павароти, една од трите ќерки на пејачот од првиот брак, ќе присуствува на церемонијата во име на семејството.

    Павароти, роден во Модена во 1935 година, се смета за еден од најважните тенори на 20 век, а настапувал во сите големи оперски куќи во светот. Светска слава стекна и со изведбите на „Три тенори“, со Пласидо Доминго и Хозе Карерас.

    Тој беше познат и по неговите хуманитарни концерти наречени Pavarotti & Friends, каде пееше дуети со светски рок и поп ѕвезди.

    Тој почина од рак на панкреасот на 6 септември 2007 година на 71-годишна возраст.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img