More

    Очевидци на несреќата во Бугарија раскажуваат за хоророт

    spot_img

    Хорор, деца што врискаат и ужас. Ова се впечатоците на двајца очевидци кои случајно се нашле на лице место во Стара Загора во Бугарија кога се случила страшната автобуска несреќа во која се повредени осум деца и четворица возрасни.

    – Патувавме, одеднаш се појави гужва. Кога стигнавме на местото на настанот прашав што се случило и дали можеме да помогнеме. Ни рекоа дека можеме да ги носиме луѓето во болница. Она што го видов беше прилично непријатна глетка – врескање на деца, викање, урлање, целосен ужас. Имаше пожарникари и полицајци, но немаше возила на брза помош – изјави Теодор Бочев, за бугарска Нова.

    Според него, првиот човек кој им помогнал на настраданите бил лекар кој возел зад автобусот.

    Другиот очевидец, Живко Стамболиев раскажува како благодарение на лекарот кој бил на лице место, била организирана помош. Лекарот давал инструкции како да им се помогне на настраданите.

    – Првото нешто што го видов беа деца. Застанувајќи, здогледав возило од кое во страшна состојба излегуваа деца. Го зедов комплетот за прва помош и се упатив кон повредените – изјави за Нова Живко Стамболиев.

    – Ситуацијата беше страшна! Прв пат видов ваков хорор! – додава тој.

    Како што пренесува Дневник.бг, во болницата во градот Стара Загора се донесени 17 деца.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img