More

    ОХРИД ДОМАЌИН НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА “ОХРИДСКИ ПОЕТСКИ БИСЕР“

    spot_img

    Денеска во Црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ започна меѓународната поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ што се одржува по седми пат во организација на  Здружението  за литература и култура „Охридски поетски бисер“, а со поддршка на Општина Охрид.

    Манифестацијата има за цел  меѓународна промоција на поетската реч, македонскиот јазик и македонската литература , градот Охрид и Македонија.

    На отворањето  пред присутните се обрати советничката во Советот на Општина Охрид,  Билјана Тодева –  Силјановска.

    –   Ми причинува особено задоволство, што денес сум меѓу Вас на  отворањето на поетската манифестација  „Охридски поетски бисер“ што  се одржува по седми пат во организација на Здружението за литература и култура „Охридски поетски бисер“, а со поддршка на Општина Охрид. Ваквите  настани значат промоција на поетската реч, македонскиот јазик и македонската литература, градот Охрид и Македонија на меѓународен план.  Поезијата е мост меѓу луѓето и  космосот.  Таа постојано се менува и моделира, ја  пееле, бардови, шамани и брамани и  таа  секогаш  ја отсликува   слободата на изразувањето и преобразувањето и токму  затоа поетските супстрати лесно ги насетуваме и во другите книжевни и уметнички облици. Поезијата е таа која не носи во други Светови, ни помага да  „нурнеме“ во своите соништа да ги оствариме замислените желби. Таа веројатно е подолгорочна од времето затоа што постоела во минатото, сегашноста и иднината.  Ликовите во една песна се вечни, а со тоа и нивниот создавач, авторот. Поетските гласови чекаат да оддекнат во нашите интимни простори, а поетските слики – да бидат изложени во нашите внатрешни галерии. Читајќи и пишувајќи песни, преведувајќи и толкувајќи поетски текстови, пеејќи и рецитирајќи, секој ден ние сме поддржувачи на вакви настани.  На крај посакувам сите вие присутни  да имате убав ден, плодна дискусија, гостите  нека ги доловат сите убавини од древниот Охрид и нека ги преточат во поетска реч која е вечна како и нашиот убав град. На организаторите им посакувам  да реализираат вакви поетски изданија и во годините што се пред нас а,   кои ќе бидат поддржувани од Општина Охрид –  подвлече Тодева – Силјановска.

    Меѓународната поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ е дел од културните манифестации  во Програмата  за активностите  на Општина Охрид  во областа  на културата за 2022 година.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img