More

    ОХРИД ДОМАЌИН НА КОНГРЕС НА ПРАВНИЦИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

    spot_img

    Градоначалникот  Кирил Пецаков се обрати на првиот „Охридски конгрес на правото 2022“ што синоќа свечено се отвори во Охрид. На настанот учествуваат 150  студенти по право од Западен Балкан.

    Во своето поздравно обраќање градоначалникот Пецаков истакна:

    – Почитувани организатори и  учесници на Првиот  Охридски конгрес  на правото 2022, почитувани гости, дами и господа. Дозволете на почетокот да ве поздравам и да ви посакам успешна работа и пријатен престој во Охрид.

    Ми причинува особена чест и задоволство што овој голем конгрес од областа на правото  се одржува во Охрид, градот крај убавото Езеро, Балканскиот Ерусалим кој периодов со вакви случувања станува центар за развој на конгресен туризам.

    Импозантниот број на учесници,  150  студенти по право од   Македонија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина доволно зборува за важноста на овој настан на кој предавања и панел дискусии   на тема „Положбата на судиите на Балканот и нивна институционална и лична независност“ ќе одржат еминентни судии и  професори по право.

    Денес и наредните два дена тука ќе има размена на мислења и ставови, нови научни сознанија од областа на правото, ќе се дебатира и дискутира на  значајни и сериозни теми. 

    Драги студенти, идни правници, адвокати или судии  ви посакувам да ви се остварат соништата, да уживате во убавината на младоста. Јас верувам дека трудољубиво и посветено учите и дека ќе станете врвни професионалци. Успесите не доаѓаат одеднаш. Луѓето кои се успешни сфаќаат дека не смееме да им дозволиме на неуспесите да не дефинираат, туку обратно тие да не научат, што и како да направиме за наредниот пат.

    На крај дозволете ми да ви посакам успешна и плодна работа и пријатен престој во убавиот Охрид, градот со Самулиовата тврдина, со цркви и манастири колку што има денови во годината, со галерии и музеи на копно и вода.  Градот во кој има ресторани, кафулиња, забава и мир за сечиј вкус.

    Работете вредно и издвојте време да уживате во нашиот Охрид –  рече градоначалникот Пецаков.

    Покрај градоначалникот Пецаков на отворањето се обрати и деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, проф.  д-р. Сашо Георгиевски.

    Во работниот дел во наредниве денови свои обраќања ќе имаат еминентни судии, обвинители и професори по право тие ќе дебатираат на тема „Положбата на судиите на Балканот и нивна институционална и лична независност“.

    Организатор на настанот е  Факултетското студентско собрание и студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје. Конгресот завршува на 16-ти Октомври.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img