More

    Охридската болница без телефони, амбулантни возила, кислород, лекови, „Мали Бујар“повеќе е заинтересиран за персонални глупости, отколку за нормално функционирање на здравствениот сектор

    spot_img

    Колапс во ЈЗУ Општа Болница Охрид, предизвикана од недоветните решенија на „Мали Бујар“ и неговото ново решение Асен Шајн.

    Сите мобилни телефоснки линии во охридската болница исклучени во два правци поради неплатени сметки, така да комуникацијата помеѓу лекарите оди преку нивните приватни мобилни телефони.

    Приправните медицински тимови во охридската болница, кој до сега во болницата ги носеше службено возило поради одредена итна интервеција, сега се приморани да доаѓаат со приватно возило, едноставно нема ниту едно регестрирано возило во Охридската болница, а ниту операторите со гориво кој ги имаат тендерите во охридската болница, повеќе не испорачуваат деривати потребни за нормално функционирање на болницата. Агрегатите на болницата кој во случај на прекин на елктричното напојување од мрежа автоматски се уклучуваат, немаат гориво, а акомулаторските единици кој се користат за уклучување на агрегатите се половни и земени на реверс од една охридска компанија.

    Болницата од 3 амбулантни возила нема ниту едно за нормална употреба, тие седат паркирани пред управната зграда и чекаат финансиска донација од претседателката на СДСМ Охрид Кристина Крлеска Деспотоска, за нивна регистрација и за набавка на гориво. Залихите на Кислород во болницата се на крај и чиста среќа е тоа што пандемијата со Ковид 19 има намалена инцидента, но и фирмата добавувач со Кислород не испорачува поради неподмирени побарувања од страна на охридската болница во износ од над 500.000 евра. Лекарите децидни, прашање на време е уште колку време ќе имаме основни лекарства и основни средства за работа во операционите сали, состојбата постанува критична.

    Министерот за здравство „Мали Бујар“ и покрај тоа што ја знае состојбата во охридската болница, повеќе е заинтересиран за персонални глупости отколку за нормално функционирање на здравствениот сектор.

    С.Д.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img