More

    „ОУШН ВАЈКИНГ” Италија одби да дозволи закотвување на бродот со 234 мигранти

    spot_img

    Девет европски земји се обврзаа да прифатат „две третини” од 234 мигранти кои ги зеде бродот „Оушн Вајкинг” (Ocean Viking), што денеска треба да пристигне во Тулон во југоисточниот дел на Франција, информираше синоќа францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин.

    Бродот на невладината организација СОС Медитеран ќе пристигне во военото пристаниште во Франција, соопшти француската Влада во ек на растечки тензии со Италија, земјата што одби да ги прими.

    Како што истакна францускиот министер во телевизиско интервју, Германија треба да прими над 80 лица. Хрватска, Романија, Бугарија, Литванија, Малта, Португалија, Луксембург и Ирска, исто така ќе прифатат мигранти во име на „европската солидарност”.

    Прифатените бегалци се оние кои имаат право на азил, додаде министерот. Потоа, тој повтори дека тие, кои немаат услови за азил, ќе бидат вратени директно во нивните земји.

    Министерот појасни дека воспоставени се контакти со овие земји, со цел да се постапи според процедура со што се овозможува да се протераат оние, кои не ги исполнуваат условите за азил.

    Патниците на „Оушн Вајкинг” се од Бангладеш, Еритреја, Сирија, Египет, Пакистан, Мали, Судан и Гвинеја, изјавија извори блиски до францускиот министер.

    Дарманин повторно го осуди „нехуманиот” став на Италија, која одби да дозволи закотвување на бродот „Оушн Вајкинг”, па додаде дека веќе распоредила 500 француски полицајци на италијанската граница, со цел да можат да ја контролираат подобро.

    Од почетокот на годината, 1.765 мигранти исчезнаа во Медитеранот, од кои 1.287 во централниот, најопасната мигрантска рута на светот, покажаа податоците на Светската организација за миграција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img