More

    Отшетата од осигурувањето не смее да биде под државниот минимум

    spot_img

    Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), во рамки на активностите за заштита на правата на осигурениците, утврди минимални износи (проценти) кои осигурителните компании мора да ги исплатат за траен инвалидитет кој е покриен со осигурување од несреќен случај – незгода.

    Преку утврдените минимални износи на обештетување, за сите видови повреди кои предизвикуваат траен инвалидитет, АСО го подигна нивото на заштита за повеќе од 650.000 осигуреници кои користат осигурување од несреќен случај – незгода.

    Осигурувањето од незгода е најмасовна доброволна осигурителна класа за која плаќаат стотици илјади граѓани колективно осигурување од незгода во својство на вработени, ученици и деца во градинки. Според податоците кои до АСО ги доставуваат компаниите кои продаваат вакво осигурување, заклучно со септември лани, граѓани и фирми во оваа класа осигурување вложиле 8 милиони евра.

    Новитетите со кои се подига нивото на заштита на осигурениците се содржани во унифицираната Таблица за определување процент на траен инвалидитет како последица од несреќен случај – незгода.  Оваа таблица од почетокот на оваа година ја применуваат сите осигурителни компании кои го продаваат осигурувањето од несреќен случај – незгода.

    Таблицата ја изработи АСО во соработка со друштвата за осигурување, а како основа беше користена таблица која била на сила до 2005 година. Во процесот на носење на Таблицата беа користени и искуства од осигурителните пазари во Република Србија, Република Хрватска и Република Словенија.

    Воведување на унифицирана Таблица за инвалидитет следуваше откако АСО утврди слабост во функционирање на системот на осигурување во класата на осигурување од несреќен случај (незгода).

    Имено, анализата на пазарот за осигурување утврди дека кај различни осигурителни компании постојат различни проценти на инвалидитет за ист или сличен тип на повреди утврдени во таблици за инвалидитет кои се користеле до крајот на 2022 година.

    Во вакви случаи споредбата на премијата и осигурената сума, без познавање на процентите за инвалидитет во таблицата,  не можат да донесат до избор на најсоодветно осигурително покритие. Оваа тенденција беше особено изразена во постапките за јавни набавки при избор на осигурување од несреќен случај – незгода.

    Новата таблица е дел од Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и е достапна за сите потенцијални осигуреници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img