More

    Откриени се три различни типа на долг ковид, секој со свои симптоми

    spot_img

    Според британските научници, постојат три различни типа на долг ковид, секој со свој сет на симптоми.

    Научниците ги истражувале карактеристиките на 1.459 пациенти со долгорочен ковид, што авторите на студијата го дефинираат како чувство на симптоми најмалку 84 дена по инфекцијата.

    Откриле, тврдат тие, дека луѓето со долгорочен Ковид може да се класифицираат во три основни групи.

    Оние со невролошки симптоми како што се замор, зашеметеност и главоболки. Овие симптоми најчесто се наоѓаат кај луѓе кои биле заразени со алфа и делта варијанти.

    Во втората група преовладуваат респираторните симптоми, вклучувајќи болка во градите и отежнато дишење. Ова најмногу го доживеале луѓе кои биле заразени со оригиналната варијанта на вирусот Вухан.

    Во третата група, симптомите се поразновидни и вклучуваат срцеви палпитации, болки во мускулите и промени на кожата, велат научниците од Кралскиот колеџ во Лондон.

    „Податоците добиени од истражувањето јасно покажуваат дека долгиот ковид не е единствен, туку има неколку подтипови“, рече водечкиот автор д-р Клер Стивенс.

    „Разбирањето на предизвикувачките агенси и подтиповите може да помогне да се персонализира дијагнозата и третманот“, додаде таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img