More

    Откако ја нападнаа, се оправдува

    spot_img

    Руската танчарка Кристина Риханов (44), која се прослави со учеството во шоуто на Би-би-си „Strictly Come Dancing“, на социјалните мрежи објави пост во кој, меѓу другото, напиша дека не ѝ е гајле за војната. Иако набрзо ја избриша објавата, многумина направија скриншот од неа, поради што Кристина објави извинување.

    Танчарката се обиде да објасни дека се потсмевала на објавата за Евровизија бидејќи смета дека во моментов постојат поважни вести. Таа објаснила дека нејзиниот дедо е од Украина, дека на ќерката ѝ го дала украинското име Миле и дека нејзиниот најдобар пријател е Украинец.

    – Пораснав верувајќи дека сме еден народ и една држава. Не се занимавам со политика и мразам политичари затоа што сите лажат. Кога гледам вести, срцето ми се кине затоа што имам пријатели Руси кои живеат во Украина и обратно. Страшно е што има толку многу жртви на двете страни – напишала таа.

     

     

    Танчарката додала дека тоа е нешто што никогаш не требало да се случи и дека лидерите на државите требало да најдат начин како да ги решат работите по мирен пат, но дека не го направиле затоа што, како што вели, „некој, за жал, има корист од ова“.

    – Не го поддржувам Путин, војната, инвазијата, изгубените животи и политиката. Ако навредив некого, тоа не ми беше намерата и жал ми е – рекла таа и додала дека е родена во Русија, но дека оттаму си заминала пред 22 години. Порачала до сите дека би можеле да ја мразат ако тоа им дава утеха.

    – Ако не го кажав она што сакавте, тоа е затоа што не можам да помогнам никому од Украина и од Русија. Не верувам во објавување бескорисни објави кои не можат да спасат животи. Можам само да се надевам и да се молам како и другите дека ова ќе заврши наскоро – додала таа.

    ФОТО: Инстаграм/Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img