More

    Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја отпеала својата популарна песна „Someone Like You“

    spot_img

    Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја отпеала својата популарна песна „Someone Like You“.

    – Тука помеѓу публиката е еден човек, го гледате како го држи телефонот во воздух? Мислам дека тоа е неговата сопруга на екранот и мислам дека таа не е тука, тоа многу ме трогна. Не сфатив што ми покажуваш сè додека не се качив на сцената и многу, многу ми е жал поради твојата загуба – му рекла Адел низ солзи среде концертот во Лас Вегас.

    Неодамна уште една обожавателка ја расплака Адел. Таа неодамна се развела и одлучила да го прослави тој настан така што отпатувала со пријателките за Лас Вегас, а целата приказна ја споделила на својот ТикТок профил.

    На концертот на Адел држела лист хартија на кој пишувало: „Ми помогна да пројдам низ мојот развод“.

    На видеото се гледа и како жената ѝ објаснува на Адел зошто е тука на концертот.

    – Тоа што си ги довела пријателките многу ме трогна – рекла Адел и упатила порака до публиката:

    – Чувајте ги вашите пријатели бидејќи тие се подобри од кој било маж и која било жена. Вашите пријатели се со вас за цел живот.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img