More

    Откажан протестот на газдите на летните дискотеки

    spot_img

    Сопствениците на летните дискотеки во Градскиот парк го откажаа протестот најавен за в среда откако денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им ветил дека брзо ќе најде решение за нивниот проблем.

    Нашите барања за спас на ноќниот живот во Скопје најдоа слух кај надлежните институции. Министерот Оливер Спасовски лично се заложи за брзо решавање на проблемот и спас на ноќниот живот на младите скопјани. Како причина на нивната отвореност за решавање на овој проблем протестот се откажува. Се надеваме дека Скопје како град за краток рок ќе може да понуди летен ноќен живот“, соопштија денеска угостителите.

    Сопствениците на летните дискотеки во Градскиот парк претходно најавија протест пред Владата поради тоа што ниту еден клуб сè уште нема добиено лиценца за работа. Организаторите на протестот велат дека е срамота во главниот град да нема никаков ноќен живот за време на летото и прашуваат зошто сега Министерството за економија не им дава лиценци кога со години врз основа на истатата документација добивале дозволи за работа.

    – Помина пола лето, а летните клубови немаат уште добиено лиценци иако сè е платено. Што е променило оваа година за Mинистерството за економија не може да издаде лиценци, кога три децении летните ноќни клубови со истата документација ја добивале? И наместо да се најдат начини и можности да го одржиме барем на минимално ниво ноќниот живот во градот ова лето, скопскиот полноќен живот е во целосен мрак – рече Здравко Јосифовски, претседател на Независна угостителска комора (НУК).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img