More

    Отвори профил на популарната социјална мрежа и за 24 часа собра четири милиони следбеници

    spot_img

    Откако поротата пресуди во корист на познатиот актер на судењето со неговата поранешна сопруга Амбер Херд, Џони Деп отвори профил на моментално најпопуларната социјална мрежа.

    Деп направи профил на ТикТок и за помалку од еден ден собра голем број следбеници.

    Имено, во моментот го следат повеќе од седум милиони луѓе, а бројката се зголемува од час во час.

    Џони во описот на профилот кратко напиша: „Повремен актер“.

    Откако го отвори профилот, актерот се огласи и на него, за првпат по судењето. Видеото се состои од кратки клипови на кои се прикажани Џони и неговите обожаватели.

    Дел од снимките се направени за време на судењето со неговата поранешна сопруга Амбер Херд, а некои на концертите на кои настапувал.

     

     

    На овој начин, актерот им се заблагодари на сите кои го поддржуваа во текот на шестнеделното судење.

    „До сите мои најскапоцени, лојални и непоколебливи поддржувачи. Бевме секаде заедно, видовме сѐ заедно. Заедно одевме по истиот пат. Заедно ја направивме вистинската работа, сѐ затоа што се грижите за ова. А, сега сите заедно ќе одиме напред. Вие сте, како и секогаш, мои работодавци и повторно не знам на кој начин да ви се заблагодарам, освен само да ви кажам благодарам. Па, благодарам. Со љубов и почит. Џ. Д.,“ напиша Џони Деп.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img