More

    „Отворен Балкан“ нуди можност за зајакнување на регионалната соработка

    spot_img

    Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски, учествуваше како говорник на онлајн настанот „Економска интеграција на Република Северна Македонија во рамки на Западен Балкан и перцепцијата на извозно ориентираните компании во РСМ за иницијативата Отворен Балкан”.

    „Отворен Балкан” е иницијатива во која членуваат Северна Македонија, Албанија и Србија, а има за цел да го промовира и да го развива регионот, како и да донесе конкретни придобивки за граѓаните и за бизнис секторот. Оваа иницијатива е можност за зајакнување на регионалната економска соработка и унапредување на слободата на движење на стоки, услуги, лица и капитал, се вели во соопштението на Сојузот на стопански комори.

    – Бизнис секторот првенствено ги направи првите чекори, ги детектира слабостите а тие се движењето на стоките, работните дозволи и движењето на капиталот. Во однос на Отворен Балкан, ние веќе имаме еден дел на Отворен Балкан кој функционира, а тоа е мобилната телефонија, движењето по границите со лични карти како документ за идентификација итн. Најрентабилно, најекономски најголем интерес би требало да имаме во соработката со нашите соседи. Од економската соработка во периодот 2020-2021 можеме да заклучиме дека малите земји повеќе се заинтересирани за поголеми пазари и поголемите пазари дефинитивно даваат компаративна предност да се работи и да се прошират капацитетите, со истите ресурси со мало проширување може да се дојде до поголем промет и подобри резултати. Македонија и Србија се долгогодишни партнери во стопанската соработка, но сметам дека на страната помеѓу Македонија и Албанија има многу неискористен потенцијал – истакна Ангелоски.

    На настанот присуствуваа и се обратија и премиерот Димитар Ковачевски, директорката на Царинска управа, Славица Кутирова, професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа и експерт на аналитика тинк тенк, Вели Креци, и советник на директорот на Царинска управа, Анастас Маженковски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img