More

    „Отворен Балкан“ е од голема важност за напредокот

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими на маргините на Економскиот форум Делфи во Грција, се сретнаа со поранешниот британски премиер Тони Блер, со кој разговарале за актуелната состојба во светот и предизвиците со кои се соочуваат државите како резултат на воената агресија на Русија врз Украина, енергетската криза и мерките кои се преземаат за стабилност во снабдување со енергенси и спречување на ценовните шокови.

    Во таа насока, како што соопшти владината прес-служба, биле презентирани и можностите на Институтот за глобални промени со кој раководи Блер, во насока на поддршка за технолошки развој на земјите кои имаат амбиции да бидат конкурентни за да бидат во чекор со технолошките напредните земји како начин за совладување на актуелните предизвици.

    Ковачевски и Блер дискутирале и за важноста од економскиот развој на земјите од Западен Балкан, како и за иницијативата „Отворен Балкан“ која е од голема важност за напредокот на земјите иницијатори. Било заклучено дека забрзана дигитализација и технолошки напредок се многу важни за остварување на целите на иницијативата.

    Претседателот на Владата Ковачевски и поранешниот британски премиер Блер изразиле задоволство од одличните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство за кои изразија уверување дека имаат потенцијал да бидат продлабочени.

    претходниот член,
    Следната статија
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img