More

    Осуден човекот кој го рани шетачот на кучињата на Лејди Гага

    spot_img

    Судот во Калифорнија во средата, на четири години затвор осуди еден од тројцата обвинети за вооружениот грабеж на шетачот на кучиња на пејачката Лејди Гага во кој беа украдени два француски булдога.

    Џејлин Кишаун Вајт призна дека е дел од бандата што го застрела Рајан Фишер додека тој ги шеташе три булдози на Лејди Гага во Холивуд во февруари 2021 година.

    На судското сослушување во Лос Анџелес во средата, Вајт, кој сега има 20 години, се изјасни за виновен за грабеж од втор степен и доби четиригодишна затворска казна.

    На снимката од надзорните камери од местото на нападот се гледа како автомобил застанува во близина на Фишер и две лица скокаат од него. На видеото се слуша истрел, по што шетачот со кучиња врескајќи паѓа на земја. Напаѓачите ги грабнале булдозите Који и Густав, а Фишер викал напомош.

    Третото куче, Мис Азија, истрчало кај Фишер откако крадците заминале со автомобилот. Фишер при нападот се здобил со повреди на градниот кош, а еден месец подоцна на Инстаграм напишал дека доживеал колабирање на белите дробови.

    Пејачката понудила награда од 500.000 долари за да си ги врати булдозите.

    – Кучињата на Лејди Гага се предадени на локалната полициска станица. Пронајдени се неповредени и предадени на претставниците на нивниот сопственик – објави на Твитер полициската управа на Лос Анџелес (LAPD).

    Вајт беше обвинет во април 2021 година заедно со Џејмс Хауард Џексон (19) и Лафајет Шон Вејли (28). Полицијата во Лос Анџелес за време на грабежот соопшти дека не верува дека кучињата биле цел на нивниот сопственик, туку поради вредноста на расата на црниот пазар.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img