More

    Оставка поднесе в.д. директорот на „Паркови и зеленило“, Арсовска ја губи поддршката и од СПМ

    spot_img

    Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Ангеле Сотировски кој доаѓа од Социјалистичката партија преку социјалните мрежи објави дека поднел оставка од функцијата.

    Сотировски посочува дека имал чест повече од 9 месеци да биде на чело на претпријатието кое го затекнал со големи обврски спрема добавувачите.

    –  Ваквите обврски претставуваа сериозен терет за тековното работење на претпријатието. На мене како в.д. директор, но и на мојот тим, во изминатиот период предизвик ни претставуваа две работи:

    – Надминување на тешката финансиска состојба во која го затекнавме претпријатието и

    – Подигнување на нови зелени површини

    Борбата со тешката финансиска состојба не беше нималку лесна, но како тим забележавме одредени резултати за кои граѓаните имаат право да бидат информирани. Во услови на зголемени побарувања кон Водовод и канализација ( признаени обврски од страна на Водовод и канализација ), намалени приходи по основ на субвенции ( добиени помалку субвенции за 28 % заклучно со 30.06.2022 споредени со истиот период лани ), во услови на бран на зголемување на цените на сите производи, за целиот период јас и мојот тим успеавме да го намалиме долгот на претпријатието за 15,59 % – пишува Сотировски

    Toj посочи дека е посебно сум горд на фактот што за овие 9 месеци, покрај зголемениот обем на работа со добро менаџирање успеавме да направиме сериозна заштеда на гориво.

    – Имено, заклучно со август оваа година, вкупната потрошувачка на гориво беше намалена за 11,33% во споредба со истиот период лани. Со добро менаџирање успеавме да ги намалиме трошоците на претпријатието. Особено сум горд на фактот што во изминатите месеци интензивно работевме на подигнување на нови зелени површини на повеќе места низ Градот. Во изминатиот период успеавме да подигнеме неверојатни 61.491 м2 зелена површина низ Град Скопје. За споредба, минатата година во Град Скопје беа подигнати 48.537м2 зелена површина -што би значело дека во овој период успеавме да подигнеме повеќе зелени површини од дури 12.954 м2. Морам да истакнам дека овие резултати се постигнаа со помал број на времено вработени споредено со истиот период од минатата година. Зад себе оставам и добиени налози за работа од кои очекувам дека на Претпријатието ќе му гарантираат сигурни приливи на средства – вели Сотировски.

    Денеска преку соопштени до јавноста се огласи и Социјалистичката партија од каде велат дека нема да бидат дел од Град Скопје и дека независната градоначалничка која ја поддржаа на изборите Данела Арсовска, повеќе не е независна.

    – Социјалистичката партија на Македонија даде безрезервна поддршка и цврсто застана зад кандидатурата на г-ѓа Данела Арсовска за градоначалник на Скопје. Заедно со Коалицијата „Обнова на Македонија“ ја поддржавме Данела Арсовска и Програмата „Модерно Скопје“, концепт кој овозможува развој на Скопје, онаков каков што бараат и каков што заслужуваат граѓаните на главниот град. Една година подоцна, претходно воздржувајќи се од реакција и во очекување на нејзина посериозна заложба, општиот заклучок е дека реализацијата на овој концепт е во стагнација или е исполнет многу малку – велат од партијата.

    Социјалистичката партија на Македонија смета дека Арсовска повеќе не е независен градоначалник, туку само личност која, од само за неа познати причини, ја промени политичката страна и го напушти концептот кој им го ветуваше на граѓаните.

    – Чесно е тоа јавно да се каже, а не наводната независност да се темели на оцрнување на кадрите во јавните претпријатија и градската администрација како неспособни и криминогени, што претставува апсолутна невистина. Таквите квалификации токму за неа би можеле да бидат својствени и за неа да се однесуваат. Зошто г-ѓата Арсовска започна да се однесува на тој начин, може само да се претпостави, но тоа во ниту еден случај неможе да се одобри. Социјалистичката партија на Македонија, како сериозен политички субјект и дел од Коалицијата „Обнова на Македонија“ ќе продолжи со поддршката на сите проекти од заедничката Програма „Модерно Скопје“. Но сепак, ќе станеме силни критичари на сите испади на градоначалничката и на сите отстапки кои ќе ги направи надвор од она што им го ветивме на скопјани – стои во нивното соопштение до јавност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img