More

    Основното јавно обвинителство -Скопје поведе постапка за кривичното дело „тешка кражба“ на 16 уметнички слики од изложба во „Матица ексклузив“

    spot_img

    Основното јавно обвинителство -Скопје поведе постапка за  кривичното дело „тешка кражба“ на 16 уметнички слики од  изложба во „Матица ексклузив“ за што МВР претходно соопшти дека вчера полицијата од ПС Центар го привела осомничениот – 33-годишниот Е.Д. од Скопје.

    Државното јавно обвинителство информира дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор бидејќи  постои опасност од бегство  и веројатност осомничениот да го повтори делото особено затоа што и претходно бил осудуван за ист тип кривични дела во земјава, но и во Германија.

    ЈОРСМ соопшти дека 33-годишникот извршил кражба на 16 уметнички слики од авторот Павле Кузманоски со вкупна вредност од 984.000 денари. Осомничениот на 26 и 27 јуни два пати влегувал во книжарницата „Матица ексклузив“ на улицата „Ѓуро Стругар“ во Скопје, од каде противправно ги одзел уметничките дела.

    „На 26 јуни, во раните утрински часови, со употреба на погоден алат и физичка сила, тој го скршил катанецот на задната влезна врата на книжарницата и од ѕидовите откачил и зел шест уметнички слики од уметникот Павле Кузманоски. Настанот бил пријавен и биле преземени полициски дејства на лице место за откривање на сторител. Меѓутоа, осомничениот следниот ден, на сличен начин го скршил катанецот на предната врата и од книжарницата одзел уште 10 уметнички слики од истиот автор“, наведува ЈОРСМ во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img