More

    Османи: Цитатот од „Ванчо Михајлов“ е голема навреда за луѓето што ги застапувам

    spot_img

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во интервју за бугарска БТВ одговори на прашањето зошто го смета за провокација отворањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

    Османи вели дека кога ќе се влезе во центарот, на главниот влез има голема табла со цитат од Ванчо Михајлов на која пишува „Залудни се напорите на таканаречениот македонски народ да го лаже светот“.

    – Ова е голема навреда за нашите граѓани, ова е голема навреда за луѓето што ги застапувам. Ова кај нас се смета за провокација. Не верувам дека бугарските власти дојдоа поради оваа порака на Михајлов, која беше поставена на влезот од клубот. Но вака се толкуваа сите овие пораки што ги налутија граѓаните. И наша должност е да ги разјасниме овие прашања, отворено да си кажеме што е она што нѐ провоцира, што нѐ лути за да можеме во отворен дијалог да ја создадеме нашата заедничка иднина – порача Османи.

    Според него, доколку клубот не го носел ова име, и власта ќе била дел од делегацијата во Битола.

    – Целата наша влада би била таму, бидејќи ја поздравуваме и сакаме да ја поттикнеме бугарската заедница да се организира, сакаме бугарската заедница да се интегрира во институциите, системите и механизмите создадени преку рамковниот договор. Но, мора да внимаваме на чувствителноста и на едните и на другите, особено во овој период во кој создаваме доверба. Сакаме да ја вратиме довербата еден во друг. Секако дека ваквите прашања ќе ни бидат сѐ помалку важни, бидејќи ќе бидеме фокусирани на иднината, на заедничката европска перспектива за граѓаните на двете земји. Но, ова е деликатен период во кој и вие и ние мора да бидеме внимателни за да ја создадеме нашата заедничка иднина – вели Османи.

    Тој додава дека за овој настан може да се каже дека придонел за пад на довербата меѓу двете земји, што болно бил граден во последните шест месеци.

    – Знаете дека работните групи се состануваат секоја недела. Целата влада на Република Северна Македонија беше фокусирана на едно прашање – односите со Република Бугарија. Министрите за економија и министерот за животна средина и просторно планирање почесто се среќаваат со своите колеги од Бугарија отколку со кои било колеги од нашата влада. И тоа навистина беше наша желба – да инвестираме во градење доверба, да го смениме правецот, да излеземе од овој токсичен циклус на односи што траеше со години меѓу нашите земји. И конечно се случи тоа што се случи. Но, ќе мораме да го надминеме, тоа е причината што јас сум во Софија толку брзо потоа. Треба да ја вратиме комуникацијата, треба да ја вратиме довербата – ова е наша должност како политичари. Ова го очекуваат нашите граѓани од нас – понекогаш да си ги голтнеме емоциите за да донесеме одредени одлуки за иднината на нашите граѓани – вели Османи.

    На прашањето од каде потекнуваат сомнежите на претседателот Стево Пендаровски дека внесувањето на Бугарите во Уставот нема да биде последно барање од Бугарија, Османи вели:

    – Целата историја на Република Северна Македонија во однос на евроинтеграциите се чини дека е подвижна цел. На овој пат сме 20 години и постојано се поставуваат нови услови. Секогаш кога ќе ги исполниме условите, во процесот се појавуваат нови барања.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img