More

    Османи се сретна со припаднички на полициските единици

    spot_img

    ОБСЕ вложува сериозни напори во поддршка на реформските процеси за учество на жените во безбедносните институции во земјите членки на Организацијата. Проектите кои ОБСЕ ги имплементира се од голема поддршка за државата и директна придобивка за граѓаните на земјата, истакна претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи, за време на посетата на ПЦ Ѓорче Петров.

    Османи заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, се сретна со жени припаднички на полициските единици кои се корисници на обука во рамките на програми на Мисијата на ОБСЕ.

    – Една од активностите која е од голема полза за општеството, а тоа е обуката која ја имаат жените припадници на полициските единици. Зголемувањето на вклученоста на жените во сите области на општественото живеење, а посебно во доменот на безбедноста е една од главните заложби и приоритети во претседавањето со ОБСЕ во 2023 година. За поздравување е што низ вакви и други проекти Мисијата на ОБСЕ дава поддршка и вложува напори да помогне во процесите на подобрување и на професионалноста во јавната администрација – изјави Османи.

    Тој истакна дека програмите на ОБСЕ се во согласност со приоритетните цели на Владата и претставуваат израз на партнерство, што е од голема вредност за сите страни.

    Османи денеска ја имаше својата прва теренска мисија во својство на претседавач. Тој ја посети и мисијата на ОБСЕ во Скопје каде се сретна со шефот на мисијата, амбасадорот Килиан Вал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img