More

    Османи се сретна со Блинкен во Вашингтон

    spot_img

    Се разбира, имаме многу да зборуваме кога станува збор за руската агресија против Украина. Бевте во Киев во еден од деновите кога разговарав со нашиот пријател Дмитро Кулеба, тамошниот министер за надворешни работи, со нетрпение чекам да разменам мислења со вас за тоa, истакна државниот секретар на американскиот Стејт департмен Ентони Блинкен, при неговата средба во Вашингтон со македнскиот министер Бујар Османи.

    Османи му се заблагодари на државниот секретар Блинкен за гостопримството и исклучителната организација на Стратешкиот дијалог во Вашингтон, истакнувајќи дека ова е важен ден за Република Македонија.

    – Отпочнувањето на стратешкиот дијалог меѓу Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија претставува значајна пресвртница во нашите севкупни билатерални односи и мислам дека е логичен чекор напред по 30 години воспоставени дипломатски односи и 15 години стратешко партнерство, а особено две години Сојузништво во НАТО – истакна Османи.

    Според Османи, овој моментум ќе отвори ново поглавје на соработка и ќе ја врами севкупната соработка на двете земји.

    Инаку, вчера во Вашингтон се одржа првиот состанок од процесот за Стратешки дијалог меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија, и по тој повод Владите на двете земји објавија заедничка изјава во која се истакнува дека дијалогот е фокусиран на продлабочување на билатералното партнерство.

    Во заедничката изјава се потврдуваат силните односи меѓу нивните две земји и се радуваат на заедничко унапредување на заедничките приоритети за безбедност и просперитет на билатерален план, на европскиот континент и во целиот свет.

    САД и Македонија ја истакнуваат силната поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, изборот за европска иднина и ја повикаа Русија веднаш да ја прекине војната и целосно да се повлече од Украина.

    Со оваа изјава двете земји ја потврдуваат посветеноста на регионалната интеграција на Западен Балкан преку политички, економски и безбедносни иницијативи и ја истакнаа својата поддршка за економската интеграција и просперитетот на регионот.

    Соединетите Американски Држави ја истакнаа важноста за унапредување на процесот на пристапување во ЕУ за Македонија и Албанија што е можно поскоро. Тие го поддржаа конструктивното вклучување на Македонија во регионалните иницијативи за стабилност и безбедност, како и намерата на Северна Македонија да стане членка на Иницијативата Три Мориња.

    Соединетите Американски Држави, се наведува во изјавата, со нетрпение очекуваа да ја поддржат работата на Македонија со претседавањето со ОБСЕ во 2023 година.

    Во однос на одбраната и безбедноста во заедничката изјава на САД и Македонија ја истакнуваат стратешката важност од развивање на одбранбени капацитети од висока класа, спроведување билатерални вежби и активности за обука за подобрување на интероперабилноста и подготвеноста, како и важноста од исполнување на обврските на НАТО за поддршка на колективната безбедност.

    Соединетите Држави оддаваат признание за достигнувањата на Северна Македонија во однос на модернизацијата и опремувањето на нејзините вооружени сили со напредни воени средства, како и напорите за унапредување на нејзината сајбер-безбедност и сајбер-одбранбени капацитети.

    Соединетите Американски Држави честитаа на развојот на центарот за воена обука Криволак во Македонија за да им служи на сложените обуки на сојузниците и партнерите во НАТО.

    Соединетите Американски Држави и Македонија ја потврдија својата соработка во рамките на САД – Јадранската повелба (А5), и со нетрпение ја очекуваат тесната соработка за време на претстојното претседавање на Северна Македонија со Повелбата во 2023 година.

    На планот на енергијата и животната средина двете земји ја повторија својата посветеност за зголемување на енергетската диверзификација и независност во поддршка на националната безбедност и на начин што ќе ги спречи најлошите влијанија од климатските промени.

    САД и Македонија ја истакнуваат својата посветеност за зајакнување на партнерството во транзитот и производството на обновливи извори на енергија.

     

    Во заедничката изјава по повод почетокот на процесот за Стратешки дијалог, земјите ја потврдија својата посветеност да ги прошират образовните, културните и професионалните размени кои поттикнуваат меѓусебно разбирање меѓу луѓето од двете нации и ги одразуваат заедничките вредности, аспирации и цели.

    САД го истакнаа како особено значајно приклучувањето на Македонија во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот како полноправна членка во 2022 година.

    Двете земји се посветени на промовирање на демократијата, владеењето на правото и човековите права и на регионално и на глобално ниво, и се надоврзуваат на обврските од Самитот за демократија чиј домаќин беше претседателот Бајден.

    Поздравен е интересот на Македонија да стане земја партнер во Глобалната програма на САД за заштита на царинската и гранична безбедност.

    Во заедничката изјава по повод почетокот на процесот за Стратешки дијалог, двете земји ја потврдија заедничката посветеност за проширување и продлабочување на билатералната економска и трговска соработка.

    Македонија и Соединетите Американски Држави изразија подготвеност да ги искористат трговските потенцијали, да ги унапредат реформите во деловната клима и да продолжат со идентификување и намалување на бариерите за трговија и инвестиции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img