More

    Османи побара итно проширување на ЕУ

    spot_img

    Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој денеска учествува на вонредниот министерски состанок на НАТО, пред почетокот на состанок ја изрази поддршката на Северна Македонија на Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

    Втората главна порака на шефот на македонската дипломатија утрово од НАТО беше дека проширувањето на ЕУ сега станува витално прашање од безбедносна гледна точка со оглед на руските напади на истокот.

    -ЕУ треба да го забрза проширувањето кон Истокот – рече Бујар Османи, алудирајќи на блокадата за Северна Македонија и Албанија, во контекст и на барањето за членство на Украина, Молдавија и Грузија.

    Оваа криза, рече тој, покажа дека политиката на проширување е безбедносно прашање.

    Запрашан за аспирациите на Украина да стане членка на НАТО, срж на конфликтот со Русија, министерот за надворешни работи истакна дека токму политиката на отворени врати на Алијансата значи стабилизација.

    -На Западниот Балкан, НАТО членството беше најважната одлука која го стабилизираше, тоа е најважниот фактор во стабилизацијата на регионот – одговори Османи.

    Северна Македонија, преку шефот на дипломатијата утрово изрази восхит и поддршка за храброста и одлучноста на Украина да постигне мирно решение и Северна Македонија е подготвена да даде поддршка за бегалците од ова воено жариште.

    -Украина не е сама – им порача Османи на Украинците. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img