More

    Османи не гледа ништо спорно во вработувањето на сопругата на пратеникот Костовски

    spot_img

    Нема ништо незаконито во вработувањето на сопругата на пратеникот Мартин Костовски во Министерството за надворешни работи, рече шефот на дипломатијата Бујар Османи во денешното гостување во Студио 10 на ТВ24.

    Тој вели дека Министерството има недостиг на кадар кој ќе се посвети на тешката работа во дипломатијата.

    – Нововработените започнуваат со минимална плата и потребни се години за да напредуваат во кариерата. Тоа е тешка професија, тие се некој вид номади кои цел живот го поминуваат на различни места. Госпоѓата Костовска е преземена од Куманово и сега е на пониска позиција одошто била претходно – рече министерот.

    Османи вели дека Костовска е на постдипломски студии по меѓународна политика во Прага и во нејзиниот случај не станува збор за трговија со влијание. Тој додава дека таа професија бара време за напредување и со оглед дека и критериумите се тешки нема голем интерес за вработување во МНР. Османи вели дека во моментов има оглас за вработување на 16 нови луѓе.

    Случај кој ја разбранува јавноста е случајот и со ТВ-презентерката Бесмира Ејупи за која се велеше дека се подготвува за конзул, а сега е вработена во МНР, додека во меѓувреме од различни државни институции земала хонорари од 12.000 евра, за што вреќе е покрената истрага.

    – МНР има потреба од 50 вработувања, но сега Министерството за финансии одобри 16. Секој млад човек кој знае јазици и сака да се посвети на кариерата, може да конкурира. Ејупи е преземена од Министерството за политички систем, како што по закон се преземаат и други службеници – вели Османи.

    За Ејупи вели дека знае јазици и имала безбедносен сертификат од највисок ранг како член на службата на протокол во претходното министерство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img