More

    Османи на тркалезна маса за промоција на конструктивниот капитал во Северна Македонија и Бугарија

    spot_img

    На маргините на својата дводневна посета на Република Бугарија, министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на тркалезна маса на тема “Промоција на конструктивниот капитал во Бугарија и Северна Македонија”, организирана од страна на Центарот за проучување на демократијата.

    Во своето обраќање пред присутните гости, Османи нагласи дека новиот геополитички контекст, предизвикан од руската инвазија на Украина и членството во НАТО, ја наметна меѓу другото и неопходноста на подигнување на свеста за изворот на директните странски инвестиции, гледано преку призма на стратешките интереси и националната безбедност. Во таа насока, корозивниот капитал не е веќе ексклузивно прашање кое ги засега само економските ресори.

     Според Османи, институционализирањето на инструментите за оценување на директните странски инвестиции кои треба да ја заштитат нашата економија и држава, се вклопува со реформската агенда, како особено важен сегмент на нашето членство во ЕУ, но и како дел од Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД. Моделот кој ќе се избере, треба да овозможи тесна соработка со ЕУ, како и нашите соседи, како Бугарија, со која споделуваме заеднички интереси и предизвици, истакна Османи.

     На тркалезната маса, учествуваа и министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, но и високи претставници на бугарски владини институции на фелата како и невладин сектор од Скопје и Софија. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img