More

    Османи: И земјава  ќе биде дел од санкциите на ЕУ против Русија

    spot_img

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека  и земјава  ќе биде дел од санкциите на ЕУ против Русија.

    Во гостување на телевизија Алсат, Османи рече дека во случај на конфликт во Европа, ќе имаме импликации во однос на гасот и нафтата и зголемување на цените.

    Според него, од овој конфликт требало да се стравува уште пред две години, кога не бевме дел од НАТО.

    – Руско-украинскиот конфликт ќе влијае на импликацијата на гасот и нафтата и во Европа ќе има зголемување на цените. Исто така, сакам да додадам дека ние како држава сме дел од санкциите на ЕУ кон Русија и 100% сме во хармонизација со Европската Унија – рече Османи.

    ЕУ вчера попладне едногласно донесе одлука за санкции против Русија по завчерашната одлука на Москва да ја признае независноста на двата региона во источна Украина, Донецк и Луганск.

    Се воведуваат санкции против 351 член на руската Дума и 27 физички и правни лица кои придонеле за загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, вклучувајќи ги и руски банки кои финансирале руска војска и други операции на тие територии.

    – Ова е јасен одговор на (руските) прекршувања на меѓународното право. Санкциите се директно насочени кон поединците и компаниите вклучени во овие акции. Целта се банките кои го финансираат рускиот воен апарат и придонесуваат за дестабилизација на Украина. Ние, исто така, ја забрануваме трговијата меѓу двата отцепени региони и ЕУ – како што направивме по нелегалната анексија на Крим во 2014 година. И конечно, ја ограничуваме способноста на руската Влада да собира капитал на финансиските пазари на ЕУ. Ќе му отежниме на Кремљ да води агресивна политика – изјави претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лејен.

    Санкции претходно објави и Велика Британија, како и Германија која посочи дека го стопира гасоводот „Северен ток 2“.

    И американскиот претседател Џо Бајден кој најави санкции за двете најголеми руски финансиски институции – ВЕБ и Руската воена банка. Покрај тоа, тој најави санкции за руската елита и членови на нивните семејства, како и дека „делови од руската економија ќе бидат отсечени од меѓународните финансиски систем.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img