More

    Османи вели дека бугарската страна не покажала разбирање

    spot_img

    Два збора стојат помеѓу успехот и неуспехот на Европската Унија во регионот. Зборот „протокол“ во рамката, како парадигма на историските прашања, и зборот „отворање“ во параграф шест од заклучоците на советот, објави денеска на Фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој нагласи дека бугарската страна не покажала разбирање за македонските барања и дека затоа предлогот не бил прифатен од македонската страна.

    – Француското претседателство беше многу внимателно при срочувањето на текстот, внимавајќи на сензитивностите на двете страни и затоа прашањата кои не беа прифатливи за нас ги стави како недефинирани предлози (во заграда) за да потенцира дека тие се прашања кои не се решени. Оттука ние само можеме да се заблагодариме на Француското претседателство, но моравме да го одбиеме нивниот предлог во ваква форма, токму поради деловите во него за кои бугарската страна без никаква аргументација не покажа разбирање – вели Османи во објавата на Фејсбук.
    – И двата збора не се во францускиот предлог како финални решенија туку се ставени (дел од нив и во заграда), како прашања за кои не може да се постигне согласност поради позицијата на Република Бугарија – додава тој.

    Тој посочува дека денешното усвојување на резолуцијата во бугарскиот Парламент, во која се потенцираат токму овие две прашања ќе го блокира долгорочно европскиот процес и воедно ќе ги парализира инструментите од договорот за пријателство на долг рок.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img