More

    Османи апелира да се препознае моментумот на Западен Балкан

    spot_img

    Надеж дека Европската Унија ќе го препознае моментумот за интеграција на Западниот Балкан, исто како што тоа го стори со источноевропските земји, изрази денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на неговото учество на седмиот Економскиот форум Делфи во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

    – Се надевам дека Европската Унија ќе ја разбере важноста на моментумот и ќе преземе стратешко лидерство за Западниот Балкан, како што го стори тоа во 2000 година кога презеде стратешко лидерство за источноевропските земји и мислам дека руската агресија покажа за жал на најтрагичен начин колку беше важна таа одлука на ЕУ за интегрирање на централноевропските и источноевропските земји – рече Османи.

    Шефот на дипломатија, заедно со неговите колеги од Словачка и од Косово, Иван Корчок и Доника Гервала-Шварц, дискутираа за „Европа после Украина”, односно за импликациите на војната, а со оглед на тоа што министерот Османи на Форумот во Делфи дојде директно по посетата со тројката од ОБСЕ на полско-украинската граница, при што го сподели искуството, детално ја објасни ситуацијата и ја истакна потребата за итна акција.

    Како што јави дописничката на МИА од Атина, тој објасни дека намерата на посетата била да се испрати порака на поддршка и „Русија да ја запре неоправданата и неиспровцирана војна“.

    За ставот на Северна Македонија за руската инвазија во Украина рече дека се приклучивме на санкциите на ЕУ кон Русија и испративме воена и хуманитарна помош, но и ги отворивме границите за украински бегалци.

    – Регионот се движи во правилна насока во однос на оваа агресија – истакна шефот на дипломатијата.

    Дополнително, тој посочи дека во регионот постои „тројка од земји кандидати за членки на ЕУ“ кои се целосно подготвени за почеток на пристапни преговори.

    Како што информира МНР, на маргините на Форумот, предвидено е Османи денеска да оствари повеќе билатерални средби со шефови на дипломатии и други истакнати политички личности, меѓу кои и со неговиот грчки колега Никос Дендиас.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img