More

    Освоена е карпата Касин на планината Пиц Бадиле

    spot_img

    Влатко Деловски, Владимир Ѓоргиевски и Саша Грбиќ се првите Битолчани кои ја качија карпата Касин на планината Пиц Бадиле (3,308 м). Тројцата се членови на СКК Вертикал од Битола.

    – Од почетокот на алпинизмот и качувањето во Битола до денес, ова е прва успешна акција и качување на оваа насока од битолски клуб, што експедицијата ја сместува меѓу најуспешните алпинистички остварувања во градот воопшто. Искрено, тоа нам многу нè радува, а се надевам и дека Битолчани ќе бидат горди на овој наш подвиг, оти воедно е и подвиг и поттик за алпинизмот во Битола – изјави Влатко Деловски за МИА.

    Пиц Бадиле (3,308 м) преку Касинска патека со оцена 6+ (УИАА) е 800 метри, висoка карпа со 21 јажева должина (плус уште 200 м д+ алпска наврска по Нордканте оцена 3+ (УИАА) – но, не по траверсот што беше непрепознатлив оти го качувавме ноќе, туку преку сите локални врвчиња до самиот врв „Пиц Бадиле“, што воопшто не беше едноставно и затоа ни зеде 2.5/3 часа плус од качувањето). Вкупно околу 1000 м карпа. Таа ноќ преспавме во бивакот на врвот – ако тоа се смета за спиење – и наредниот ден со неколку абзели се спуштивме по јужната италијанска страна до домот Џанети. Од домот уште 2.5 часа планинарење до Сан Мартино (Италија). Од таму со превоз до Бонд (Швајцарија) каде што ни беше колата. Планинарење од Бондо до домот Сакс Фура (швајцарска страна), потоа пристапот до под насоката, качување на насоката, алпска наврска на дел од северниот гребен до врвот Пиц Бадиле, абзелување/спуштањето на италијанска стана до домот Џанетии накрај планинарење до Сан Мартино (Италија) нè чинеше околу 28 часа активно качување, алпска наврска и планинарење, додаде Деловски.
    Пиц Бадиле е планина/врв што е дел од планинскиот венец Брегаглијаво швајцарскиот кантон Graubünden и италианскиот регион на Ломбардија. Всушност, границата на овие две земји (Италија и Швајцарија) се протега по самиот гребен. Северо-источното лице на Пиц Бадиле, каде впрочем е и насоката Cassin, се смета за еднo од 6-те големи северни страни на Алпите.

    Најпопуларната насока на североисточното лице на врвот е касиновата насока (Касинска патека), т.н. по нејзиниот креатор, врвниот алпинист Рикардо Касин, кој ја качувал заедно со В. Рати и Г. Еспозито. Тие заедно со тимот на Комо (Марио Молтени и Џузепе Валсечи) од 14 до 16 јули во 1937 успешно ја качиле насоката. Марио Молтени и Џузепе Валсечи биле под насоката кога Касини неговата тајфа ја беа започнале насоката, но подоцна алпинистите ги здружиле силите. Во овој познат алпски еп, Молтени починал од исцрпеност на врвот, додека валсечи починал при спуштањето по јужниот гребен непосредно пред да стигне до домот.

    Деловски упати еден апел до јавните институции да поддржуваат индивидуални спортови/спортисти кои се трудат со свој буџет и барем малку ги поместуваат нашите граници.

    – Свесен сум дека од врвен спорт сме далеку, но сепак мора од некаде да се почне. Ја користам оваа прилика да кажеме дека ние (СКК Вертикал Битола) немаме сала/вежбална (освен едно скромно собче во СОТУ Ѓорѓи Наумов – Битола) каде што едвај можеме да го практицираме нашиот спорт, а со тоа, на еден начин, сме спречени да продуцираме млади кадри и надежи – информира Деловски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img