More

    Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) предупреди дека страшната криза со глад во Јемен се движи кон на работ на „директна катастрофа“

    spot_img

    Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) предупреди дека страшната криза со глад во Јемен се движи кон на работ на „директна катастрофа“.

    Според ФАО, влошување на хуманитарната ситуација во Јемен ќе биде во втората половина од годинава. Се проценува дека рекордни 19 милиони луѓе најверојатно нема да можат да ги задоволат минималните потреби за храна во тој период.

    Во Јемен околу 2,2 милиони деца се сериозно неухранети, а околу половина милион од нив се во опасна животна состојба.

    – Овие застрашувачки бројки потврдуваат дека сме на одбројување до катастрофата во Јемен и речиси немаме време да ја избегнеме. Доколку веднаш не добиеме значителни нови средства, ќе следи масовен глад – изјави извршниот директор на Светската програма за храна, Дејвид Бисли.

    Граѓанската војна што од 2014 година се води во Јемен, предизвика една од најтешките хуманитарни кризи во светот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img