More

    Орбан пак го блокира ембаргото, со старо-ново барање

    spot_img

    Унгарија повторно ги блокира новите санкции на ЕУ кон Русија. Овојпат, Будимпешта бара од листата да се отстрани поглаварот на Руската православна црква, Кирил, пишува Дојче Веле. Патријархот е на списокот бидејќи се смета дека тој е поддржувач на Путин, но и поради фактот дека во досегашните проповеди тој отворено ја поддржуваше руската агресија во Украина. Кирил ги отфрли и напорите на Папата да посредува во преговорите.

    Унгарија уште од мај имаше забелешки на вклучувањето на рускиот поглавар откако неговото име се најде на листата на ЕК, но лидерите на ЕУ тогаш не разговараа за тоа прашање за време на самитот.

    Европските земји цел месец го договаарат ембаргото на нафта, а по противењата на Унгарија, Чешка и Словачка беше одлучено да се воведат исклучоци за некои земји и така беше постигнат договор. Но сега, целиот пакет  санкции одново е доведен во прашање, а дипломатски извори најавуваат дека за проблемот ќе се бара решение на маргините на состанокот на ЕУ министрите во четврток во Луксембург.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img