More

    Орбан на столбот на срамот по скандалозна расистичка изјава

    spot_img

    Десничарскиот унгарски премиер Виктор Орбан е критикуван од страна на некои политичари и религиозните групи откако зборуваше негативно за нациите со „мешана раса“.

    На митинг во Романија во саботата, Орбан рече дека миграцијата ги подели Европа и Западот на два дела и додаде дека земјите во кои што се мешаат Европејците и неевропејците „веќе не се нации“, туку „ништо повеќе од конгломерат на народи“, информира бриселскиот портал Политико.

    – Во Карпатскиот басен (областа што ја делат Романија и Унгарија) ние не сме мешана раса. Ние сме подготвени да се мешаме едни со други, но не сакаме да станеме мешана раса – рекол Орбан.

    Коментарите на Орбан предизвикаа осуда од верски групи, а водечката еврејска организација во Унгарија побара средба со премиерот. Централноевропскиот огранок на Американскиот еврејски комитет предупреди дека зборовите на Орбан потсетуваат на „опасни идеологии во историјата“.

    Романскиот министер за надворешни работи Богдан Ауреску исто така ги осуди изјавите на Орбан како неприфатливи.

    – Жално е што таквите идеи се пропагираат од територијата на Романија, во сложениот глобален контекст со кој се соочуваме сите, особено што нашите официјални позиции се разликуваат од овие тези. Јасно е дека не можеме да се согласиме со нив – рече Ауреску.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img