More

    Орбан му честиташе на Додик за неговата победа како претседател на РС

    spot_img

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан му честиташе на Милорад Додик (СНСД) за неговиот избор за претседател на Република Српска (РС).

    Во честитката до Додик, унгарскиот премиер истакна дека „ќе се залага за продолжување на одличната политичка соработка“.

    Орбан е единствениот странски функционер кој досега му честитал на Додик за изборната победа.

    Милорад Додик прогласи победа за претседател на РС, која не ја признаваат опозициските партии, наведувајќи дека победник на изборите за претседател на РС е нивниот кандидат Јелена Тривиќ.

    Опозицијата побара да се поништи гласањето за тоа изборно ниво, оценувајќи дека изборната ноќ „се случила невидена изборна кражба“.

    Според прелиминарните резултати објавени од ЦИК на БИХ, врз основа на 90 отсто преброени гласови, Додик освоил 268.000 гласови или повеќе од 48 отсто, а Тривиќ 240.000 или 43 отсто од гласовите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img