More

    Опозицијата обвинува за манипулација во прехранбениот сектор

    spot_img

    Крешник Бектеши вчера призна дека тој и Ковачевски лажеле кога кажаа дека во стоковите резерви има пченица. Бектеши кажа дека 45.000 тони пченица за која од владата зборуваат наназад подолг период е пченица во посед на приватните млинови и трговци, а не дел од стоковите резерви, вели Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ

    „Ковачевски и Бектеши во период на криза ја оставаат државата во неизвесност. И наместо да работат на полнење на стоковите резерви со пченица, од владата ќе одат во Србија да молат за пченица во име на Република Македонија, не за државата, и не за народот, туку за сметка на одредени трговци, кои пченицата која Ковачевски и Бектеши ќе ја добијат во име на народот ќе ја реекспортираат во трети држави и ќе остварат огромен профит. Ковачевски и Бектеши ќе земат 50.000 тони пченица од Србија, за неколку трговци истата да ја извезат во Грција, Бугарија, Албанија или Косово – тврди Трипуновски.

    Тој прашува кои се тие трговци кои ќе можат по повластени услови да земат пченица од Србија, за на истата да стават маржа и да ја извезат во Грција, Бугарија, Албанија или во Косово?

    – Сето ова немаше да биде воопшто проблематично ако цената на брашното во Македонија не пораснеше за 40%, исто како и лебот и другите намирници – додава Трипиновски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img