More

    Опозицијата апелира на разум, за да можат учениците да се вратат во клупите

    spot_img

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на свечената литургија по повод големиот православен празник Христово Воскресение – Велигден во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ по што даде и изјава за медиумите.

    Запрашан за коментар за тоа дали е можен договор помеѓу СОНК и Владата за учениците конечно од вторник да се вратат во клупите, Мицкоски истакна дека Владата треба да ги прифати барањата на СОНК и апелираше до Ковачевски и останатите на разум.

    – Јас апелирам да се постигне договор час поскоро и од вторник сите ученици да се вратат онаму каде што им е местото, во клупите. Владата треба да ги прифати барањата на СОНК, а не со нивниот омилен синдикалец кој што напати во  минатото се покажа како верен послушник на политиките најпрвин на Зоран Заев, а сега и на Ковачевски, да прави некакви квази договори. Апелирам за разум до Ковачевски и останатите да намалат со крадењата и трошењата и да ги задоволат барањата на СОНК и на наставниците и на вработените во градинките, а учениците да се вратат во вторник онаму каде што им е местото, а тоа е во клупите – потенцираше Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img