More

    Опасност од директен судир меѓу САД и Русија?

    spot_img

    Илјадници руски војници се распоредени во близина на украинскиот град Харков, изјави вчера висок американски воен претставник.

    Бројот на тактички единици во близина на рускиот пограничен град Белгород се зголеми од 30 на 40, изјави официјалниот претставник. Тој не го прецизираше точниот број на дополнителни војници, но рече дека тие типови единици обично се состојат од 600 до 1.000 војници.

    Руската армија ги распоредува своите сили таму за да ги концентрира своите единици за окупирање на источноукраинската област Донбас, истакна воениот претставник. Харков се наоѓа во североисточниот дел на Украина, во близина на руската граница.

    Тој нагласи дека постојат индикации дека Русија се надева оти ќе мобилизира повеќе од 60.000 војници.

    Бидејќи конфигурацијата на Донбас и е позната и на украинската и на руската армија по долгогодишниот конфликт, тој предупреди дека борбите ќе бидат интензивни.

    – Тоа ќе биде како борба со нож. Може да биде многу крваво и многу грдо – објасни американскиот функционер.

    Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби претходно изјави дека постојат извештаи оти десетици илјади резервисти се мобилизирани за да ги зајакнат руските единици на границата со Донбас по загубите во северниот дел на Украина.

    Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, предупреди дека помошта во оружје што западните земји и ја даваат на Украина, само го влошува судирот и потенцијално може да доведе до директен конфликт меѓу САД и Русија.

    Антонов за американскиот „Њузвик“ оцени дека западните земји се директно вклучени во настаните во Украина бидејќи продолжуваат да го снабдуваат Киев со оружје и на тој начин го поттикнуваат на натамошни конфликти.

    Рускиот амбасадор посочи дека таквите постапки се опасни и провокативни бидејќи, како што наведе, се насочени против Русија.

    Тој нагласи дека тоа може да доведе до директна воена конфронтација меѓу САД и Руската Федерација.

    Антонов го повтори ставот на Москва дека сите конвои на територијата на Украина со оружје и воена опрема пристигнати од Запад се легитимна воена цел за вооружените сили на Руската Федерација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img