More

    ОМВ се откажува од купување на удел во гасното наоѓалиште во сопственост на Газпром

    spot_img

    Австриската енергетска групација ОМВ објави дека се откажува од планираното купување на удел во руското гасно поле во сопственост на руски Газпром.

    Извршниот комитет на ОМВ одлучи да ги прекине преговорите со Гаспром за потенцијално купување на 24,98 отсто од акциите во развојот на гасното поле Уренгој во западен Сибир, се вели во соопштението на австриската групација во вторникот.

    Гасното поле Уренгој, откриено во 1966 година, е второто гасно поле во светот, со проценети почетни резерви од дури 8,1 трилиони кубни метри природен гас. Поголемо е само полето Јужен Пар / Северна купола во Персискиот Залив, во заедничка сопственост на Иран и Катар.

    ОМВ најави и дека ќе го преиспита учеството во гасоводот Северен тек 2, во кој има девет отсто удел.

    Германската влада минатата недела ја суспендираше сертификацијата на гасоводот, што требаше да ги удвои испораките на руски гас за Германија.

    Поради руската инвазија на Украина, Шел веќе најави прекин на соработката со Гаспром, а БП го продаде својот удел во руски Роснефт, потсетува агенцијата dpa.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img