More

    Околу 70.000 луѓе протестираа денеска во Прага против чешката влада

    spot_img

    Околу 70.000 луѓе протестираа денеска во Прага против чешката влада, повикувајќи ја владејачката коалиција да стори повеќе за контрола на зголемените цени на енергијата и изразувајќи противење кон Европската Унија и НАТО, пренесува Ројтерс.

    Организаторите на демонстрациите од голем број екстремно десничарски и маргинални политички групи, меѓу кои и Комунистичката партија, порачаа дека таа централноевропска нација треба да биде воено неутрална и да обезбеди директни договори со добавувачите на гас, меѓу кои и со Русија.

    Демонстрантите ја осудија владата зашто ги поддржа санкциите против Русија поради нејзината војна во Украина и ја обвинија дека не може да се справи со зголемените цени на енергијата.
    Тие рекоа дека владата ѝ посветува повеќе внимание на разурнатата од војна Украина отколку на сопствените граѓани.

    – Целта на нашиот протест е да бараме промени, главно во однос на проблемот со цените на енергијата, особено струјата и гасот, кои ќе ја уништат нашата економија оваа есен – изјави еден од организаторите на протестот.

    Протестот на Вацлавскиот плоштад во центарот на градот се одржа еден ден откако владата го преживеа гласањето за доверба по обвинувањата на опозицијата за неактивност против инфлацијата и поскапувањето на енергенсите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img