More

    Околу 40 отсто од територијата на Украина или околу 250.000 квадратни километри е минирана од почетокот на војната во Украина на 24 февруари 2022 година

    spot_img

    Премиерот на Украина Денис Шмихал денеска изјави дека околу 40 отсто од територијата на Украина или околу 250.000 квадратни километри е минирана од почетокот на војната во Украина на 24 февруари 2022 година.

    Според него, минираната површина е поголема од целиот Корејски полуостров, територијата на Романија, а исто така колку цела Велика Британија.

    Можеби ќе ве интересира
    ЛУЃЕ ЖИВИ ЗАКОПАНИ, КРВАВО ДЕТЕ СПАСЕНО ОД РУШЕВИНИТЕ Расте…

    Плусинфо 09/01/2023
    ДЕТЕ ГО ПРАША МАКРОН ТОА ШТО СИТЕ САКААТ ДА ГО ЗНААТ „Не…

    Плусинфо 09/01/2023
    Тој изјави дека со оглед на тоа што поголем дел од територијата е минирана, многу е опасно земјоделците да сеат и да жнеат, па поради тоа украинското земјоделство е во неволја. За време на летната жетва, неколку земјоделци загинаа кога нивните трактори налетаа на мини во областите во близина на Харков и Суми, наведува јужнокорејската агенција „Јонхап“.

    Државната агенција за вонредни ситуации објави дека на крајот на војната, на Украина и требаат 10 години за да ја деминира целата своја територија.

    – Ова во моментов е најголемото минско поле во светот – изјави Шмихал за јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img