More

    Околу 14.500 луѓе влегле во Украина во последните неколку дена, со цел да се борат против руската окупација

    spot_img

    Околу 14.500 луѓе влегле во Украина во последните неколку дена, со цел да се борат против руската окупација. Според податоците на украинската армија, 12 илјади од нив се Украинци кои се вратиле со цел да се приклучат во одбрана на земјата.

    Во соопштението, Генералштабот на Украина, тврди дека руските сили досега имаат загубено повеќе од 12 илјади војници. Москва, пред неколку дена информираше за околу 500 убиени војници, но од тогаш нема објавено информации.

    Што се однесува до жртвите, Киев, досега, нема објавено ништо. Сепаратистите од Доњецк, пак, вчера објавија дека имаат 47 жртви во своите редови.

    Според украинската армија досега се уништени или оштетени 49 руски воени авиони, 81 хеликоптер и околу 317 тенкови, но овие бројки засега не може да бидат потврдени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img