More

    Околу 1,4 милиони деца на возраст под пет години страдаат од неухранетост во Јужен Судан

    spot_img

    Околу 1,4 милиони деца на возраст под пет години страдаат од неухранетост во Јужен Судан, кој се бори со „најтешката криза со глад“ поради честите поплави и вооружени конфликти, предупреди невладината организација „Спасете ги децата“.

    Најмладата земја во светот, жртва на политичко-етничко насилство и хронична нестабилност од нејзината независност од Судан во 2011 година, е опустошена од поплави четврта година по ред и сега зафати девет од десет нејзини држави.

    Податоците на ОН покажуваат дека 8,9 милиони жители или 71 отсто од населението имаат потреба од хуманитарна помош.

    „Меѓу нив има 1,4 милиони деца на возраст под пет години кои страдаат од неухранетост. Ситуацијата се влоши во последниве месеци, бидејќи повеќе од 615.000 луѓе се погодени четврта година по ред од невидена поплава која уништи куќи, уништи земјоделски култури и предизвика зголемување на случаите на маларија и каснување од змии, особено кај жените и децата. вели Save the Children.

    Валутата на таа источноафриканска земја годинава загуби 40 отсто од вредноста. Тоа доведе до зголемување на цените на увозните производи, на што влијае и војната во Украина, посочува истиот извор.

    „Јужен Судан е меѓу петте земји најранливи на климатските промени во светот“, рече Џиб Рабилтосапорн, директор на Save the Children во Јужен Судан.

    Светска банка наведува дека 80 отсто од 11-те милиони жители на земјата живееле во „екстремна сиромаштија“ во 2018 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img