More

    Од 100 до 150 компании од прехранбената индустрија ќе бидат префрлени на регулираниот пазар

    spot_img

    Од 100 до 150 компании од прехранбената индустрија ќе бидат префрлени на регулираниот пазар. Ова е еден од начините и мерките за намалување на цените на основните прехранбени производи, а со тоа и инфлацијата. Оваа мерка би важела од 1 декември 2022 година, изајви министерот за економија Крешник Бектеши во гостување на Канал 5 телевизија.

    – Имајќи предвид дека треба да се справуваме и со инфлацијата во делот на храната, а одредени компании кои произведуваат основни прехранбени производи имаат за три до четири, па дури и 10 пати поголеми трошоци во импутот електрична енергија, за да се намалат овие трошоци кои се директен импут во крајната цена ние ќе ги ставиме тие дејности на регулираниот пазар, по конкурентна цена на струјата, но со обврска да се намалат цените на основните прехранбени производи – рече Бектеши.

    Тој информираше дека досега државата од почетокот на годината потрошила 272 милиони евра за справување со енергетската криза, средства наменети за субвенционирање на цената на струјата, но и за  поддршка на ликвидноста на ЕСМ.

    – Доколку Владата не интервенираше во ликвидноста на ЕСМ, досега цената на електричната енергија ќе беше повисока за повеќе од 5 пати. Ние како Влада ги правиме сите напори цената на електричната енергија произведена од ЕСМ која е државна компанија да биде најниска во регионот – рече Бектеши.

    Во однос на парното греење министерот Бектеши кажа дека набавен е гас за првите две недели од октомври по најповолна цена, кој е дупло поевтин од претходните понуди, а очекувањата се дека од следниот месец ќе се обезбеди гас по поконкурентни цени со цел да има најниски трошоци за граѓаните.

    -На 15 октомври со почетокот на грејната сезона ќе почне снабдувањето со топлинска енергија, радијаторите во Скопје ќе бидат топли. Топлинска енергија ќе има до крајот на грејната сезона – рече Бектеши.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img