More

    Од стартот на „специјалната воена операција“ во Украина, од Македонија е убиен 21 платеник

    spot_img

    Од стартот на „специјалната воена операција“ во Украина, од Македонија е убиен 21 платеник, покажуваат податоците од Министерството за одбрана на Русија објавени на редовниот брифинг кој го водеше портпаролот Игор Конашенков, пренесува ТАСС.

    Како што може да се види на табелата од 24 февруари, кога почнаа нападите од Русија, во Украина се регистрирани 79 платеници од Македонија, од кои 19 во меѓувреме ја напуштиле земјата, а во моментов има уште 39, стои во деталната табела по држави објавена од Министерството.

    Според неа, во досегашните речиси четири месеци во Украина дошле за да војуваат 6.956 платеници од 64 земји, од кои животот го загубиле 1.956, земјата ја напуштиле 1.779, а останале 3.221.

    Од регионов во Украина пристигнале 204 платеници, 74 го загубиле животот, 51 ја напуштиле земјата, а 79 сѐ уште се на боиштата. Од БиХ се пристигнати 167 платеници, убиено е 51 лице, 46 си заминале, а таму има останато 70 борци.  Од Косово и Албанија се пристигнати по 156, односно 150 платеници, загинати се 61 и 42 борци, си заминале 60 и 40 лица, а останати се 35 и 68. Од Грција пристигнале четири борци, еден загинал, двајца се вратиле, а еден останал, а пак од Црна Гора дошле двајца платеници, еден загинал, а другиот сѐ уште се бори во Украина.

    Рекордер по бројот на платеници е Полска со 1.831, од кои 378 загинале, 272 ја напуштиле земјата, а 1.181 и понатаму војуваат во Украина, тврди руското Министерство за одбрана.

    Романија е втора бидејќи 504 романски платеници им се приклучија на украинските војници, 102 загинаа, а 98 ја напуштија Украина.

    Следува Велика Британија со 422 платеници кои пристигнаа, 101 загинаа и 95 кои ја напуштија Украина.

    Канада е главниот „добавувач“ на платеници од американскиот континент бидејќи 601 нејзин државјанин влегле во Украина од февруари, додека 162 од нив загинале, а 169 ја напуштиле земјата.

    САД се втори со 530 пристигнати, 214 загинати и 227 платеници кои ја напуштиле Украина.

    – Од Блискиот Исток, Јужен Кавказ и Азија, најмногу 355 платеници дојдоа од Грузија, од кои 120 беа убиени, а 90 ја напуштија Украина. По ова следат милитанти на терористички формации префрлени од областите на сирискиот Еуфрат под контрола на САД – 200 лица. Од денеска (петок) 80 од нив се убиени, а 66 ја напуштиле Украина – рече Конашенков.

    Списокот на руското Министерство за одбрана вклучува 3.221 платеници и специјалисти од 64 земји, рече портпаролот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img