More

    Од СОНК одлучија да штрајкуваат од 11 април

    spot_img

    Претседателот на СОНК Јаким Неделков ексклузивно за Сител изјави дека советот на СОНК донел одлука за стапување во штрајк. Членството од регионите на Синдикатот се изјасни за генерален штрајк доколку не се исполнат нивните барања.

    – Штрајкот ќе започне на 11 април, а до кога ќе трае ќе зависи од преговорите со надлежните министерства и со владините претставници, или ќе трае дотогаш додека не се договориме – рече Неделков.

    СОНК бара усогласување на платите во образованието со минималната плата, која од овој месец се зголемува од 15.200 на 18.000 денари и дополнително минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работни места.

    СОНК бара корекции на платите и за вработените во градинките, како и усогласување со минималната плата во високото образование и за вработените во ученичките и студентските домови.

    Инаку попладнево делегација на Владата, предводена од премиерот Димитар Ковачевски имаше средба со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), на која беше договорено продолжување на континуираниот дијалог со цел изнаоѓање одржливи и системски решенија.

    – На средбата се разговараше за барањата на СОНК и на истата е донесен заеднички заклучок дека Владата е отворена за континуиран дијалог со цел изнаоѓање одржливи и системски решенија кои ќе постават рамка која ќе го заштити стандардот и интегритетот на наставниот кадар, а со акцент на стартната позиција врзана со социјалниот статус на вработените во воспитно-образовниот систем како основ за понатамошните разговори – информираа од владата.

    Во состав на владината делегација покрај Ковачевски, биле и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министрите за образование и наука и за финансии, Јетон Шакири и Фатмир Бесими. Делегацијата на СОНК ја сочинувале претседателот Јаким Неделков и членови на Советот на Синдикатот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img