More

    Од Скопје побара гаранции за Договорот и за правата на Бугарите во Македонија

    spot_img

    Од Скопје очекуваме конкретни акции и гаранции за трајно и неповратно спроведување на Договорот од 2017 година, како и гарантирање на правата на граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест. Ова го изјави министерката за надворешни работи Теодора Генчовска која во МНР го прими министерот за европски и меѓународни работи на Австрија Александар Шаленберг, пренесе БГНЕС.

    Двајцата разговарале и за европската перспектива на Западен Балкан, рече Генчовска.

    – На министерот Шаленберг му ја истакнав постојаната поддршка на Бугарија за европскиот пат на земјите од Западен Балкан. Се разбира, напредокот на патот кон членството е секогаш поврзан со принципот на сопствените заслуги. Во последните месеци, сите знаете дека Бугарија направи значителни напори за промовирање на позитивна клима во билатералните односи со Република Северна Македонија, вклучително и преку иницирање формати за засилен развој на секторски политики. Ќе продолжиме да работиме на градење на вистински добрососедски односи со Република Северна Македонија. Сепак, тие се можни само со заеднички напори. Од Скопје очекуваме конкретни акции и гаранции за трајно и неповратно спроведување на Договорот од 2017 година, како и гарантирање на правата на граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест – изјави таа за медиумите.

    Од своја страна, австрискиот министер за европски и меѓународни прашања Александар Шаленберг рече дека неговата позиција е многу јасна и дека Австрија би сакала разговорите со Албанија и Македонија да започнат во јуни.

    – Секако, свесни сме дека има многу чувствителни точки и прашања во билатералните односи кои треба да се разјаснат – рече Шаленберг.

    Потсетуваме, на 15 април Теодора Генчовска на средба со новинарите во Собранието им рече дека министерството го поддржува ставот донесен за почеток на преговори за членство на Република Северна Македонија во ЕУ, но појасни дека постои неусогласеност на теми меѓу министерството и тимот на премиерот.

    – Формално, нема шанси некој друг да води надворешна политика надвор од МНР. Вестите не ги добиваме од Скопје, туку од разговорите со тимот на МНР на Северна Македонија или од разговорите со нашите европски партнери – рече министерот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img