More

    Од поранешната федерација лани примила повеќе од 100.000 работници

    spot_img

    Хрватска во 2022 година ја надминала бројката од 100.000 работни дозволи за странски работници. Повеќето од нив се работници од соседните земји Босна и Херцеговина, Србија, Македонија и Косово, покажуваат податоците што неодамна ги обелодени Националното биро за статистика во својот редовен извештај.

    Предничат работниците во туризмот и угостителството и работниците во градежништвото.

    Многумина експерти се обидуваат да ги анализираат сите овие бројки и податоци за да се добие појасна слика за она што навистина се случува во Хрватска, но и за да се утврдат натамошните чекори што треба да ги преземе државата.

    Според податоците на Националното биро за статистика, просечната исплатена нето-плата по вработен во Хрватска во ноември лани изнесувала 1.038 евра, што е значително помалку во споредба со другите земји членки на ЕУ.

    Хрватска пред една година беше поблиску до дното на листата на просечни примања во Унијата, отколку до врвот. Со просечна месечна плата од 935,44 евра, Хрватска беше само пред Бугарија, Унгарија, Романија, Полска, Грција и Словачка, покажуваат податоците на Евростат.

    На ниво на Унијата во 2021 година просечната плата изнесувала 33.500 евра, а во Хрватска само 11.225 евра.

    Сепак, останува фактот дека со својата просечна плата над 1.000 евра Хрватска и натаму е во многу поповолна позиција од добар дел од своите поблиски и подалечни соседи и останува привлечна за граѓаните од земјите од поранешната федерација. На пример, просечната плата во Македонија во ноември 2022 била 535 евра, во Босна и Херцеговина 599 евра, во Србија 641 евро, а во Црна Гора изнесувала 721 евро.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img