More

    Од ЕСМ реагираа на обвинувањата на првиот човек на опозицијата

    spot_img

    АД ЕСМ со соопштение реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, укажувајќи на незнаењето или злонамерноста на првиот човек на најголемата опозициска партија.

    – Го потсетуваме Христијан Мицкоски дека АД ЕСМ произведува електрична енергија за граѓаните, односно за домаќинствата, а не за општините или некакви малверзации од општини. АД ЕСМ е заштитник на цената на електричната енергија и гарант за спречување ценовен шок за граѓаните. АД ЕСМ испорачува енергија кон ЕВН Хоум по регулирана цена се со цел високите пазарни цени на берзите да не ги погодат граѓаните. Незнаењето или злонамерноста на Мицкоски се недозволиви во овие размери. АД ЕСМ ја надмина енергетската криза со која се соочи државата без ниеден ден рестрикција на струја и без запирање на испораката, вложувајќи ги сите сили и со голема поддршка од Владата – се вели во соопштението.

    Од АД ЕСМ прашуваат што сака Мицкоски да покаже со тоа што пред камерите ги држи фотографиите од поплавениот рудник Суводол, кои АД ЕСМ денеска ги испрати до сите медиуми со цел информирање на јавноста.

    – Доколку Христијан Мицковски се сити на работниците во поплавените рудници кои ги презедоа и ги преземаат сите дејства за канализирање на природните води, се со цел да ги искористи условите на работниците и рудниците за да нанесе штета на раководството или на државните структури, тоа е за секаква осуда – стои во реакцијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img