More

    Од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа закон за наставници и стручни соработници

    spot_img

    Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог на закон за дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, по скратена постапка, посочи пратеничката на најголемата опозиџика партија, Бети Стаменкоска-Трајкоска.

    – Се работи за идентичен закон со законот што го имаат поднесено од СДСМ, кој го користат за манипулации на јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ било против зголемување на платите на наставниците и подобрување на воспитнообразовниот процес. Значи се работи за ист закон, но едиствената разлика е тоа што во овој предлог закон го нема делот со кој СДСМ сака да си ги згрижи своите партиски војници во образованието и наместо квалитет во наставниот кадар сакаат да извршат груба партизација што ќе биде на штета и на образовниот процес и на штета на нашите деца – посочи пратеничката.

    Таа додаде и дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сака и секогаш се стреми кон повисоки плати за наставниот кадар и токму затоа го поднесуваме овој закон.

    За да се обезбеди квалитетен образовен процес преку професионалниот и кариерниот развој на наставниците и стручните соработници потребно е да се зголеми нивната мотивација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img