More

    Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека власта манипулира со ребалансот на буџетот

    spot_img

    Владата ќе крати пари во Буџетот за работи кои не требаше да ги планира во време на криза, реагира ВМРО-ДПМНЕ на најавата на владата дека ќе крати непродуктивни трошења.

    -Најавеното касно кратење на непродуктивните трошења со ребалансот на буџетот е чисто манипулирање на јавноста и признание дека оваа Влада не работи домаќински и во интерес на граѓаните- велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Оттаму прашуваат зошто воопшто беа планирани овие 100 милиони евра за непродуктивни трошења сред криза?
    -Да потсетиме, буџетот се носеше во декември 2021 година сред енергетска криза и разгорена инфлација. Опозицијата тогаш јасно укажуваше дека буџетот е расипнички и нереален, со непродуктивни трошења.И сега, најавеното кратење на овие средства е јасно признание на власта дека ниту размислувала, ниту креирала навремени мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, туку планирала средства во буџетот за непродуктивни трошења, односно за корупција и криминали. Мерките за кои се фали оваа погубна Владата дојдоа по реакциите на јавноста и опозицијата дека ништо не се презема во справувањето со енергетската криза и високата инфлација – велат од партијата.

    Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека најавеното кратење на трошењата е од историски највисокиот буџет во 2022 година, кој како основа го зема буџетот во 2021 година.

    -Така, во 2021 година тековните расходи достигнаа рекордно ниво од 3,8 милијарди евра, а трошоците за стоки и услуги историски рекорд од 327 милиони евра или беа повисоки за 30% во однос на 2020 година! И сега најавеното кратење е чиста манипулација – велат од партијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img