More

    Од болница се јави кралот на фудбалот

    spot_img

    Легендарниот бразилски фудбалер Пеле синоќа преку социјалните мрежи им се заблагодари на навивачите ширум светот за пораките со поддршка кои ги прими откако претходно неделава повторно беше примен во болница во Сао Паоло.

    Пеле, кому во септември лани му беше отстранет тумор од дебелото црево, беше хоспитализиран во вторникот поради проценка на ефикасноста на хемотерапијата.

    Пораки со поддршка пристигнуваа од целиот свет, вклучувајќи и од селекторот на Бразил, Тите, од Светското првценство во Катар.

    „Секогаш е убаво да добиете позитивни пораки”, наведе Пеле во објава на Инстаграм на која е прикажана зграда во Катар на која е проектиран неговиот лик со желби за брзо оздравување.

    „Му благодарам на Катар за честа на сите кои ми испраќаат позитивни вибрации”, порача 82-годишниот Пеле, кој е единствен фудбалер во историјата со три светски титули, а со 77 голови на 92 натпревари е најдобар стрелец во историјата на бразилската репрезентација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img